Давитков: Македонија ќе игра на ЕП 2021!

by lali

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков изјави дека е сигурен во тоа дека Македонија ќе игра на Европското Првенство во 2021 година.

„Со две раце потпишувам дека Македонија ќе игра за следното ЕП. Немам дилеми во тоа, а вака бев сигурен дури и пред денешната ждрепка за квалификациските групи. Кога успеавме да се кренеме од самото дно и тоа исклучиво со труд и пот и напорна работа на сите во репрезентацијата, тогаш мислам дека можеме да ја минеме последната пречка. Треба да бидеме подобри од само една друга селекција во групата, а знаеме дека со години домашниот терен е наше големо оружје пред која паднале и многу други фаворизирани тимови.“, изјави Давитков веднаш по денешното извлекување на квалификациските групи.

Македонија во групата се падна со Италија, Русија и Естонија

Поврзани новости