Фатени две лице со 20 кеси марихуана на пат за Грција

by fokus

Две лица од гостиварско се приведени на граничниот премин Стар Дојран со 20 кеси марихуана во возилото, соопштија од МВР. Од таму додаваат дека приведените се обиделе да ја изнесат марихуаната надвор од државава.

„На 22.07.2019 на граничниот премин Стар Дојран приведени се Е.М. и Е.Х., двајцата од с. Долна Бањица, Гостивар поради обид да пренесат марихуана преку граничниот премин. Е.М. управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистерски таблички и Е.Х., како сопатник во возилото имале намера да излезат од Република Северна Македонија на граничниот премин Стар Дојран, но при извршената контрола во возилото пронајдени се 20 кеси со марихуана. Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од Министерството.

Поврзани новости