347
Решение на политичката криза преку политичкиот дијалог е, пред се, во интерес на Македонија многу повеќе отколку во интерес на кој било фактор надвор, вклучувајќи го и Брисел, порача министерот за надворешни работи Никола Попоски.
– Јасно е и дека без напредок во политичкиот дијалог плаќаме преголема цена, и економска, но и во очите на ЕУ бидејќи на тој начин се овозможува да се затскријат вистинските причини поради кои веќе шест години не можеме да преговараме и е неопходен услов за да добиеме позитивна препорака и евентуално наесен да ги почнеме преговорите – рече Попоски.