Политичките лидери утре повторно ќе седнат на заедничка маса

by Фокус

Првите луѓе на четирите најголеми политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, утре најверојатно ќе оддржат нова лидерска средба, со цел надминување на политичката криза.

Се очекува на оваа средба да се утврди дали СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе успеат да постигнат договор околу организација на владата што ќе спроведе изборите, договорени за април следната година.

Деновиве се оддржуваат интензивни средби меѓу лидерите на двете најголеми политички партии, како и меѓу тимови од двете страни, чија успешност ќе се види од епилогот на лидерската средба.

Поврзани новости