Попладнево пак земјотрес кај Петриња, за три дена регистрирани 57 потреси во Хрватска

by fokus

Нов земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер се почувствува попладнево во централна Хрватска. Епицентарот на земјотресот е 6 километри југозападно од Сисак.

Според ЕМСЦ во последните 73 часа ова бил 57-ми земјотрес што се почувствувал во Хрватска. Граѓаните јавуваат дека земјотресот се почувствувал силно на подрачјето на Сисак и Петриња, а нешто послабо во Загреб.

Во текот на денов на подрачјето на Петриња се почувствуваа два средно силни земјотреси со јачина од 3,8 и 3,3 степени според Рихтер.

Тлото на ова подрачје не може да се смири по разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени што се случи на 29 декември.

Поврзани новости