367
Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски за време на учеството на 73-то Генерално собрание на ОН вчера во Њујорк, на покана на Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, присуствуваше на традиционалната годишна Трансатлантска вечера.
На собирот присуствуваше и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, кои недвосмислено потврдија дека вратата за Македонија во НАТО е широко отворена.