Николовски: Промена на име на држава е нова држава

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во вечерашната дебата на телевизија Телма рече дека промена на името на една држава, значи создавање на нова држава.

-Промена на име на држава е нова држава. Клучно, во однос на дијаспората, едно е дијаспора, друго се национални малцинства. Дијаспора е кога некој се исселил, а малцинство е кога некој се родил во друга држава. Ние сега се откажуваме од македонското малцинство во Грција. Оваа власт е прва екипа која прифатила промена на Устав. Владата се обидува да продаде продадена работа. Македонски јазик е признат и претходно од Договорот, рече Николовски.

Поврзани новости