Помина предлог законот за недела неработен ден

by Fokus

Мнозинството членови на Комисијата за труд и социјална политика дадоа зелено светло на Законот за работни однос со кој недела ќе биде неработен ден. Исклучок се 42 дејности каде работниот процес не може да биде прекинат.

Во недела ќе работат големите трговски центри, дел од прехранбената индустрија, угостителските објекти, рудниците, медиумите, здравствени институции, противпожарна служба, фотографски, креативни, уметнички дејности и други.

Работниците во овие дејности кои ќе работат во недела ќе добијат дневница најмалку 50 проценти повисока од редовната дневница и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.

Поврзани новости