Богадновиќ: Паднатото дрво на „Орце Николов“ покажа дека има болни дрвја

by Fokus

Општина Центар останува на ставот дека старите дрвја треба да бидат отстранети во согласност со анализите на надлежните институции и да бидат заменети со нови висококвалитетни садници.

„Паднатото дрво на „Орце Николов“ е доказ дека одредени дрвја претставуваат опасност и при мало невреме, како што се случи викендов во Скопје. Дрвото, кое навидум било здраво, очигледно имало оштетени корени и претставувало опасност како дрвјата за кои беше издадено решение за отстранување во втората фаза од реконструкцијата на ‘Орце Николов’. Акциите што ги спроведовме во изминатиот период за отстранување на осум дрва од оваа улица се само потврда дека нашите заложби се во интерес на жителите и нивната безбедност. Добро е што денешниот настан не го загрози животот на граѓаните и не е предизвикана материјална штета“, изјави Богдановиќ.

Поврзани новости