Полска ги преместува војниците на исток поради присуството на „Вагнер“ во Белорусија

by Fokus

Полска одлучи да ги премести воените единици на исток поради присуството на групата „Вагнер“ во Белорусија, објави секретарот на Комитетот за одбрана Збигњев Хофман.

„Комитетот ги анализираше можните закани, како што е дислокација на единиците на Вагнеровата група. Затоа министерот за национална одбрана, претседателот на Комитетот, Мариуш Блашчак, одлучи да ги премести нашите воени формации од запад кон исток на Полска“, изјави Хофман, објави Ројтерс.

Тој додаде дека обуката или заедничките вежби на белоруската армија и паравоената група Вагнер „несомнено се провокација“.

Поврзани новости