Половина ковид-случаи се во Скопје

by fokus

Во земјава има вкупно 6.813 активни случаи на ковид 19 од кои 3.413 се во главниот град, по што следуваат Куманово со 564, Велес со 318, Охрид со 2018, Прилеп со 212  и Штип со 211.

Најмалку активни случаи, пак, по еден, има во Демир Капија и Пехчево, по што следува Дојран со два и Македонски Брод со девет.

Сите останати општини имаат двоцифрен или троцифрен број активни случаи.

Досега, во земјава се направени вкупно 1.339.824 тестирања, а вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 196.762.

Потоа, бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813.

Поврзани новости