Половина активни случаи со корона се од Скопје, најмногу од Аеродром, Центар и Карпош

by Фокус

Со новите 80 регистрирани заразени со ковид 19, бројот на активни случаи во државата изнесува 3.996, од кои најголем број, или 1.802, се во Скопје, покажуваат податоците што денеска ги соопшти Министерството за здравство. Гледано во општини, ситуацијата во Скопје е следна:

  • Аеродром – 338
  • Центар – 328
  • Карпош – 317
  • Кисела Вода – 209
  • Гази Баба – 171
  • Ѓорче Петров – 154
  • Чаир – 89
  • Бутел – 70
  • Илинден – 31
  • Сарај – 16
  • Шуто Оризари – 13
  • Сопиште – 12
  • Петровец – 6
  • Арачиново – 4
  • Чучер Сандево – 4
  • Студеничани – 3
  • Зелениково – 3

Поврзани новости