СДСМ бара заразените пратеници да гласаат од дома и да се водат како присутни

by Фокус

Пратеникот на СДСМ Јован Митревски изјави дена парламентарното мнозинство на денешната координација настапило со став пратениците кои имаат решение за изолација да гласаат електронски и да се водат како присутни на седницата, за да не се дозволи нефункционалност на институциите.

– Како одговорни пратеници и како владејачко мнозинство нема да дозволиме нефунционалност на државата во борбата со ковид. Не смееме да оставиме држава без донесен ребаланс на Буџет, потоа без донесен Буџет за 2021 години или други битни работи кои се од интерес на граѓаните, компаниите, економијата, институциите во вакви тешки моменти и за нас и за светот – рече Митрески.

Според него, потребна е промена на Деловникот со цел воведување работа на далечина.

Поврзани новости