Полициски инспектор убиен на излегување од ноќен клуб

by Fokus

Полицискиот инспектор Ненад Марковиќ е убиен синоќа во престрелка во Бјелина (БиХ), а четири лица се уапсени под сомнение дека се поврзани со ова дело.

Убиството се случи синоќа по полноќ пред ноќниот клуб „Џил“ во центарот на Бјелина. АТВ неофицијално дознава дека Марковиќ на излегување од клубот бил погоден од два истрели од огнено оружје, пренесува Српскаинфо.

На местото на настанот има голем број полицајци, кои по убиството го блокираа поширокиот простор околу местото на злосторството, а ги запреа и контролираа сите возила и случајни минувачи.

Во тек е истрага, која ја води дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство во Бјелина. Се истражуваат точните околности на убиството.

Убиениот Ненад Марковиќ работел како инспектор во Полициската станица 2 во Бјелина.

Поврзани новости