ВМРО-ДПМНЕ: Законот за амнестија за убијците во Монструм и други криминалци нема да помине

by Fokus

„Законот за амнестија за убијците во Монструм и други криминалци нема да помине ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира, а при ставено европско знаменце напушта парламент“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека „ќе блокираат убијците од Монструм, криминалци кои извршиле тешки кражби, кои переле пари, кои правеле измами да бидат амнестирани“.

„Власта прави договор со мафијата за да и одработи пред избори. СДС и ДУИ сакаат на улица да пуштат стотина криминалци со дебели криминални досиеаја, по принципот како тоа што го направија пред 5 години. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи дерогирање на правото“ се вели во соопштението.

Поврзани новости