Полициски час од 22 до 05 часот во Скопје, Куманово, Тетово, Штип предлага Комисијата за заразни болести

by Fokus

Комисијата за заразни болести предлага да има полициски час од 22 до 05 часот, но само во критичните општини, односно во општините од Скопје, Куманово, Тетово, Липково и Штип, дознава „Фокус“

Во последните денови бројот на заболени од коронавирус во овие општини драстично се зголеми, а во горенаведените општини имаше целосен полициски час за време на продолжениот викенд.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.025, бројката на оздравени пациенти е 1.646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.226.

Поврзани новости