Полициска акција во скопско Арачиново

by Фокус

Министерството за внатрешни работи во моментов спроведува акција во скопско Арачиново, потврдија од МВР за Фокус, најавувајќи детали по завршувањето на акцијата.

Медиумите што се на терен објавуваат дека во селото се распоредени полициски сили.

Станува збор за повеќе од триесетина специјалци и голем број на полициски возила. Според неофицијални информации од извори од истрагата акцијата е поврзана со марихуана.

Поврзани новости