Мицкоски: Од економските лекции на Заев влеговме во рецесија, време е за лекција од народот

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва преку фејсбук порача дека колку побргу премиерот Зоран Заев ја промени професијата, толку подобро ќе биде за граѓаните на Македонија.

„Тешко на народот и на државата кога Зоран Заев држи лекции. Од неговите економски лекции Македонија влезе во рецесија, а од историските лекции цела држава се држи за глава. Во светот ни се смеат и нѐ жалат за неговиот „рајхТ” и “администрација”. Сега време е Заев да научи една лекција: Колку побргу смени професија, толку подобро за граѓаните на Македонија. Неговите лекции се страдање за народот, едноставно цената на неговите лекции ги плаќаме прескапо“, напиша Мицкоски.

Според него, време е Заев, како што рече, да добие лекција од народот.

Поврзани новости