Полицијата „улови“ 59 пијани возачи на територија на СВР Битола, најмногу во Прилеп

by Fokus

Изминатата вечер во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

Како што информираат од МВР, при контролата санкционирани се 59 возачи.

Од нив 34 на територија на Прилеп, 15 во Битола, четири во Македонски Брод, три Крушево, два во Ресен и еден во Демир Хисар.

За време на контролата биле санкционирани и 33 други видови прекршоци.

Акциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости