Полицијата трага по две 14-годишни девојчиња

by Фокус

Полицијата е во потрага по две девојчиња од Скопско, пријавени од нивните семејства дека се оддалечиле од домот.

Во првиот случај, во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.М.(48) од с.Сингелиќ, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Р.М. (14), за која се сомнева дека е со машко лице.

Во 21.15 часот, пак, во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Т.(48) од с. Волково, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ј.Т.(14), која и претходно се оддалечувала и била враќана, а има и здравствени проблеми.

Поврзани новости