Полицијата со полни раце работа – за шест часа во земјава дури 820 казни за брзо возење

by Fokus

МВР информира дека денеска во периодот од 11.00 до 17.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 820 возачи.

Од нив 54 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина.
Притоа, 476 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 344 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости