Полицијата приведе дрвокрадец во скопско

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера е уапсено лице од село Драчевица кој крадел огревно дрво, а совозачот при обид полицијата да го запре возилото фрлал со дрва.

-Вчера во 21.30 часот во с.Горно Количани, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Р.А.(28) од с.Драчевица, скопско. Имено, претходно, во с.Батинци, скопско, полициски службеници забележало патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки натоварено со огревно дрво, кое го управувал Р.А. и кој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници. Притоа, совозачот почнал да фрла дрва од возилото, по што еден полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух, соопшти МВР. 

Oд МВР велат дека возилото било сопрено во село .Горно Количани, по што совозачот го напуштил местото, а возачот Р.А. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Возилото и дрвата биле одземени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријва.

Поврзани новости