Полицијата не нашла докази дека новинарот на Нова ТВ бил цензуриран

by Фокус 15:53
15:53

Не постојат докази дека полицајците дрско му пристапиле на новинарот на Нова ТВ и  му ги прегледувале содржините во мобилниот телефон, се вели во полициската реакција на денешното соопштение на ЗНМ во кое новинарската асоцијација вели дека полицијата се обидела да го ѕензурира новинарот Дехран Муратов, додека го следел протестот на отпуштените работници од Царинската управа минатата недела.

„Лицето кое се обидело да ги снима со мобилен телефон полициските службеници за време на преземање на службени дејствија не бил видно одбележан дека е новинар. Иако истиот се претставил како новинар не се легитимирал со службен беџ или легитимација. Доколку поседувате каков било доказ во прилог на некои од наводите, Ве повикуваме да го доставите за да може во соодветна процедура да го провериме“, апелираат од МВР.

- Advertising -

Полицијата ги охрабрува засегнатите страни да покренат приватна тужба против полицискиот службеник и Судот да се произнесе околу аргументите на двете страни.

Поврзани новости