СДСМ: Адеми ја прифати одговорноста за сите неуспеси во образованието!

by Фокус 17:02
17:02

Со прифаќање на министерската позиција во министерството за образование, Абдулаќим Адеми истовремено ја прифати одговорноста и за сите неуспешни проекти во образованието, изјави денеска Петар Атанасов, член на извршниот одбор на СДСМ.

–  Од оваа учебна година на учениците од прво, второ и трето одделение им воведувате физика, хемија и биологија, преку предметот природни науки, со учебници од Велика Британија! Ве прашуваме:
Дали направивте пилот проект за да ги проверите учебниците со нашите услови? Дали учебниците кои се прилагодени за една друга образовна средина ќе дадат исти резултати? Дали учебниците за кои вашите експерти велат дека ќе ги учат децата на критичко размислување, ќе продолжите да ги комбинирате со екстерното тестирање? Малку ли беа стресовите од екстерното тестирање кои и не бараат знаење туку, напротив, само меморирање одговори – изјави Атанасов.

- Advertising -

Целата изјава:

Поврзани новости