Полицијата и УЈП го затворија пазарот во Шуто Оризари

by Fokus

Државниот пазарен инспекторат во заедничка акција со УЈП и Интервентната полиција го затворија отворениот пазар во скопската населба Шуто Оризари.

Од Инспекторатот велат дека тоа е направено од безбедносни причини, односно за да се спречи ширење на коронавирусот.

Акцијата траела околу 45 минути.

Жителите на оваа скопска населба велат дека не знаат како ќе живеат по затворање на пазарот, но посочуваат дека ги почитувале мерките и препораките на Владата.

Поврзани новости