Полицијата го расчистува кампот на опозицијата во Киев, бројот на уапсени се искачи на 100

by fokus

Бројот на приведени демонстранти пред украинскиот парламент во Киев се искачи на 100 откако полицијата почна да го отстранува кампот на опозицијата. Демонстрантите се во судир со полициските кордони. Засега се повредени десет лица, соопштуваат од украинската полиција.

„Мораме да извршиме инспекција по две судски одлуки и да ја истражиме оваа област. Потоа комуналните работници ќе го расчистат ова место“, изјави началникот на полицијата.

Тој соопшти дека за време на пребарувањето, во кампот се пронајдени рачни и димни бомби и молотови коктели.

Кампот беше поставен од опозициското движење во Украина кое редовно одржува мирни протести во Киев, со барање за оставка од претседателот, Петро Порошенко.

Фото: БЕТА

Поврзани новости