Полицијата фатила албански државјанин на патот кон Ќафасан со кокаин

by Фокус

Струшката полиција на патот Граничен премин Ќафасан-Струга денеска запрела возило „голф“ и го привеле Р.К. (23) од Либразд, Албанија.

Како што информира МВР, кај него е пронајдено околу 50 грама кокаин, по што тој е приведен.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство.

Поврзани новости