Покрај градоначалникот Георгиевски и вработена во општината е позитивна на Ковид 19

by Fokus

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски во моментов е на Инфективната клиника во стабилна состојба, а неговото семејство е во домашна самоизолација, без никакви симптоми поврзани со коронавирусот, известија преку соопштение од општината.

-Во текот на вчерашниот ден, поради пројавени болки во пределот на градите, Георгиевски е упатен на дополнителни лекарски прегледи, по што по препорака на пулмолог е испратен на дополнителни испитувања во Клиничкиот центар во Скопје, каде му е направен и тест за Ковид-19 чии резултати денес се позитивни. Исто така, во текот на вчерашниот ден е доставено известување од вработено лице во општината чиј тест за Ковид-19 е позитивен, се вели во соопштението.

Вработената во општина Гази Баба е во стабилна состојба, без симптоми и целосно ги следи препораките на лекарите и епидемиолозите.

-Ја информираме јавноста дека во текот на своето работење, градоначалникот Борис Георгиевски, како и останатите вработени во општина Гази Баба постојано ги следат и почитуваат препораките и мерките за заштита од Ковид-19. Сепак, според протоколите за функционирање, општина Гази Баба веќе е во редовна комуникација со тим епидемиолози кои ја разгледуваат новонастанатата состојба и се преземаат нивните препораки и мерки за понатамошно постапување. Би сакале да потенцираме дека во меѓувреме, општинскиот кризен штаб продолжува со редовна работа со цел заштита на здравјето на секој наш сограѓанин и е раководен од страна на Јовица Ѓоргиевски, началник на Општинскиот кризен штаб . Општинската администрација останува целосно во служба на граѓаните на Гази Баба. Со потполно почитување на сите препораки и мерки кои имаат за цел зачувување на здравјето на вработените играѓаните, истовремено продолжуваме со работа за редовно исполнување на барањата и потребите на сите граѓани и правни лица, велат од општината.

Поврзани новости