ДУИ ги повикува албанските партии на обединување за избор на Албанец за премиер

by Fokus

ДУИ очекува на претстојните избори да добие поддршка од граѓаните и да биде одлучувачки фактор што ќе преговара за позицијата прв Албанец премиер во државата, изјави денеска министерот за образование Арбер Адеми, говорејќи како претставник на партијата.

Тој имаше забелешка што на вчерашната средба кај претседателот Стево Пендаровски немало претставник на Албанците, што според него, ја потврдува потребата за иницијативата на ДУИ за премиер. Вчера во претседателската вила средба со претседателот имаа лидерите на најголемите партии на власт и во опозиција, Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера бевме сведоци на неуспешна моноетничка средба во ексклузивниот македонски клуб, што е и главната причина зошто сакаме да го срушиме преостанатиот столб на резервираната моноетнизација на раководните позиции, изјави Адеми.

Тој ги повика сите партии на Албанците да се обединат околу оваа идеја на ДУИ, која, како што наведе е барање сега, а ќе биде и по завршување на изборниот процес.

Идејата за Албанец премиер, повторно ја актуeлизираше претседателот Али Ахмети, пред една недела, кога рече дека е дојдено време за тоа.

Поврзани новости