Погрешно е дека членство во НАТО автоматски ќе донесе бенефит во Македонија, смета економистот Узунов

by fokus

Колку членството во ЕУ на Македонија може да донесе бенефит на нашата држава, беше тема на дебата на вечерашната емисија „24 анализа“ на ТВ 24.

Според универзитетскиот професор во економскиот дел, Ванчо Узунов, многу погрешна е тезата дека членството во ЕУ ќе донесе веднаш бенефит за државата.

„Јас честопати сум ја слушал таа теза дека ако Македонија стане членка на НАТО и почне преговори за ЕУ, тоа автоматски ќе донесе економски бенефит на сите. Тоа е многу погрешно. Идејата дека економски провев ќе направи некоја држава е илузија. За тоа се потребни многу реформи, длабоки реформи. Овој политички влог ќе го отстрани оној страв кој се чувствуваше во Македонија и ќе се затвори тоа прашање“, истакна професорот Узунов.

Поврзани новости