Интерпелација за Димитров затоа што ги нарече Македонците нација со комплекс

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе интерпелација за министерот за надворешни работи, Никола Димитров, бидејќи, како што велат од таму, ја навредил македонската нација нарекувајќи ја нација со комплекс.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, напиша на фејсбук дека Димитров е најнеуспешниот министер за надворешни работи.

„Никола Димитров со Заев донесоа капитулантски договор! Понижување и разградување на Македонските национални и државни интереси! Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс! Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното. Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи. За да престане срамот, за да македонскиот углед не продолжи да се урива. Во собраниската дебата за време на интерпелацијата ќе се збори за фактите кои ќе го разобличат неговото делување.
Затоа оставка поради црнилата кои и ги донесе на Македонија!“, пишува Мицкоски.

Поврзани новости