Поднесена пријава за ВМРО-ДПМНЕ поради нарушување на јавниот ред и мир

by Фокус

Општина Центар информираше дека поднела пријава за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поради нарушување на јавниот ред и мир кое се случило синоќа пред полноќ, а голем број граѓани пријавиле дека се вознемирени од бучавата и силната музика која доаѓала од седиштето на партијата.

-Надлежните од општинскиот Сектор за инспекциски работи излегоа веднаш на терен и констатираа дека во периодот од 23 до 23.50 часот е нарушен јавниот ред и мир. Констатирана е бучава над дозволеното ниво, за што постои видео и аудио документација. Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ претходно, во општина Центар, не најави одржување на некаков настан, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Откако вчера вечерта се распушти Собранието, од ценралниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Центар на разглас беше пуштана химната на ВМРО, а членови на партија свирејќи со автомобили прославуваа по скопските улици.

Поврзани новости