Груевски: Доста беше, одиме на избори

by Фокус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска одржа прес конференција на која изјави дека избори на петти мај ќе има, а единствена причина зошто СДСМ не сакала да оди на избори е поради нејзиниот низок рејтинг.

-Доста беше. Оваа криза мора да заврши и зад оваа криза не стојат никакви заложби за слобода на медиуми ниту демократија и борба против корупцијата, стои немоќ, страв, фрустрации, обид за поткуп на идентитет и насилна промена на власта во Република Македонија од страна на опозицијата. Тоа мора да запре. Знам дека многумина ги гледаа изборите како излез од кризата и во право се. Тврдам дека во ваква ситуација изборите се излез од кризата и тука немам никакви дилеми, рече Груевски.

Тој рече дека ова било слободна земја во која народот одлучувал и ќе одлучи кој може да се справи со реалните предизвици и секојдневни потреби и проблеми, кој нуди решенија можности, подобар стандард, инвестиции.

-Мора да научиме од своите грешки, но не во насока како што некој тоа го посакува. Да ги исправиме грешките затоа што не сме безгрешни и да продолжиме со тоа што граѓаните го очекуваат од нас. Според сите анкети и аналитичари, домашни и меѓународни, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ и тоа го знае и лидерот на опозицијата. Во двојна предност е ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. Тоа е причината зошто СДСМ не сака да оди на избори, рече поранешниот премиер.

Поврзани новости