Поднесена кривична пријава против министерот Тодоров

by Фокус 20:12
20:12

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска поднесе кривична пријава за несовесно работење против министерот за здравство Никола Тодоров, поради случајот со деветгодишната Тамара Димоска, која почина чекајќи да добие одобрение за лекување во странство. Поднесени се кривични пријави и против директорите на Фондот за здравство, Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази.

Порано денеска, граѓанската иницијатива „Ајде“ изведе перформанс пред Минстерството за здравство со звуци од срце кое престанува да чука, со цел да предизвика морална одговорност кај министерот Тодоров, кој јавно вети дека државата ќе го плати лекувањето на Тамара. Тие побараа од него и од првите луѓе на Фондот да си поднесат оставка, бидеќи како што велат од „Ајде“, тие се главните виновници за смртта на малата Тамара.

Во последното интервју за 24 Вести, министерот за здравство, рече дека направил се што може за случајот со  Тамара.  Би ја менувал функцијата, но според него, тоа немало да промени ништо.

- Advertising -

 

Поврзани новости