Ректорот Стојковски не даде изјава по средбата на УКИМ

by Фокус 21:01
21:01

Пред еден час заврши четиричасовната средба меѓу ректорот Стојковски, претставниците на Владата и Студентскиот пленум, а ректорот наместо изјава за новинарите, испрати кусо соопштение, пренесува НОВА.

– Врз основа на излагањата беше договорено низ отворен дијалог да се дојде до заеднички решенија за унапредување и обезбедување на квалитетот во високото образование. Во таа насока беше заклучено да се формира работна група со претставници на Универзиетот, вклучувајќи ги и Студентскиот и Професорскиот пленум, како и претставници од МОН, која во рок од 30 дена ќе изготви анализа на состојбите, врз основа на која ќе се дефинира концептот за изработка на законски текст за високото образование. Истовремено беше договорено во наредните денови да се одржи работна средба во истиот состав, стои во соопштението.

- Advertising -

Ниту министерот за образование Адеми, замник-министерот Ристовски и министерот за финансии Ставрески, кои беа претставници на Владата, по завршувањето на средбата не дадоа изјави за новинарите.

 

Поврзани новости