Подготвителна седница на РКЕ за одземање на лиценците на БЕГ

by fokus

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска има подготвителна седница на која се разгледува Предлог-одлуката за укинување на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Балкан енерџи груп (БЕГ).

-Се очекува следната недела да се закаже главна седница главна седница на која ќе бидат донесени конечни одлуки за одземање на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Балкан енерџи груп, изјави за МИА Марина Узунов портпарол на РКЕ.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски минатата недела најави дека Комисијата е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ).

-Тоа значи дека во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност. За одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните, ниту, пак, индустријата нема да плаќаат ниту еден денар, рече Бислимоски.

Тој заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ го презентираше калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија што од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk преку кој граѓаните може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.

Најави дека сите постапки ќе бидат завршени на време, а до нивното завршување, како што кажа, постојниот вршител на енергетската дејност е должен да ја врши дејноста.

Поврзани новости