ЕК треба да го соопшти мислењето за кандидатурата на Украина за членство во ЕУ

by fokus

Европската комисија денеска треба да го соопшти мислењето за статусот на Украина како кандидат за ЕУ.

Лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија, како што вчера во Киев изјави францускиот претседател Емануел Макрон на заедничката прес-конференција, се за тоа на Украина да ѝ се додели статус кандидат за членство во ЕУ „веднаш“.

Сите четворица поддржуваме давање статус на непосреден кандидат“, рече Макрон. Тој додаде дека овој статус е проследен со патоказ што значи и да се земе предвид состојбата на Балканот и соседството, особено во Молдавија.

Поврзани новости