Поддршка за Шарена Револуција од највисокиот врв во Северна Америка

by fokus 10:06
10:06

Алипинистката Илина Арсова и даде поддршка на Шарената револуција од највисоката точка во Северна Америка, Денали во Алјаска.

На врвот кој што се наоѓа на 6,195 метри надморска височина, таа позираше со беџ на кој што стои логото на Шарената револуција.

- Advertising -

Инаку, Илина е првата македонка која што го освои Денали, еден од најизолираните планински врвови во светот. Заедно со неа беше и охриѓанецот Филип Василески Четкар.

Само 19% од планинарите кои што тргнале во освојување на овој врв, успеале во својата мисија. Веста за нивниот подвиг беше пренесена во неколку светски медиуми, а тие наскоро се враќаат во земјава.

Поврзани новости