Почнува судењето за сообраќајката кај Зебра

by Фокус

Во Основниот суд Скопје 1 денеска започнува судењето за тешката сообраќајка што се случи неодамна кај трговскиот центар „Зебра”, а во која загина новинарката од Македонско радио, Сузана Тодоровска – Павловска. За несреќата е обвинет скопјанец, кој според обвинението, во моментот кога случила несреќата имал 1,52 промил алкохол во крвта и 2,42 промили во урина.

Кај него биле констатирани и траги од наркотична дрога канабис сатива, а возилото „опел корса“ го управувал со брзина од 83 километри на час при што загубил контрола и удрил во Тодоровска-Павловска.

Поврзани новости