Когнитивните функции се основните предуслови за интелигенција кои ги овозможуваат менталните процеси, ги интернализираат информациите и го само-регулираат телото за да го олеснат учењето и потенцијалот за учење, имајќи во предвид дека тие истотака го олеснуваат јазикот, социјализацијата и сл. Карактаристиките на мозокот вклучуваат пластичност, што овозможува да се моделираат структурите и функциите на нервниот систем во текот на животот и им се овозможува на луѓето да стекнат знаење подолго време.
Симптоми кои укажуваат на когнитивни проблеми:
Потешкотии при концентрација, фокус или посветување внимание;
Ментална конфузија или дезориентација;
Потешкотии за ориентација;
Губење на помнењето или заборавеност со одредени работи особрно имиња, датуми и телефонски броеви;
Потешкотии во врска со расудување или резонирање;
Недостиг од аритмички, организациски и јазични вештини;
Проблеми со извршување на повеќе задачи.
Науката докажа дека когнитивните проблеми се намалуваат со флавоноиди. Флавоноидите го одржуваат нервниот метаболизам, ја инибираат функцијата на тромбоцитите и ги намалуваат нивоата на липиди.
Флавоноидите придонесуваат за хомостазата на функцијата на мозокот и на нервотрансмисијата, подобрувајќи го процесот на учење кај возрасни лица со когнитивни оштетувања.