Крадци фатени на дело во Тетово, па почнале расправија со полицајци

by fokus

Вчера вечерта околу 21 часот, двајца жители на Глумово биле лишени од слобода, откако биле фатени како крадат во бутик во Тетово

„На 09.07.2019 година во 21.00 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Н.С.(28) и М.Н.(22), двајцата од село Глумово, општина Сарај. Тие биле фатени како вршат кривично дело „кражба“ во бутик во трговски центар во Тетово. Притоа, Н.С. агресивно се однесувал кон полициски службеник. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости