658
Со отпочнувањето на градежните работи на неколку нови автопати, три-четириесет болници, училишта и градинки стартуваше градежниот бум во Македонија. Во операцијата наречена “Потемкин” се вклучени сите домашни и неколку странски градежни компании, а активно учество ќе земат и повеќе медиуми кои правовремено ќе информираат што се се гради.
За потребите на градежната операција “Потемкин” се увезени неколку километри црвени ленти и неколку стотици рала свечени лопати, за да може да се вклучат сите министри и градоначалници.
Бумот би требало да трае до изборите на пролет, по што се очекува подолго затишје на тој план. Ќе се “гради” на повеќе локации, во повеќе изборни единици.