Починаа уште 18 лица заразени со корона вирусот

by Фокус

Во последните 24 часа, починати се 18 лица заразени со корона вирусот. Притоа,  двајца пациенти се од Скопје (59 и 54), тројца од Штип (49, 82 и 68), еден од Прилеп (81), еден од Тетово (64), еден од Струга (65), еден од Велес (65), еден од Битола (61), еден од Охрид (84), еден од Кавадарци (75), двајца од Гостивар (73 и 52), еден од Струмица (57), еден од Крива Паланка (75) и двајца од Кичево (82 и 68). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 511 оздравени пациенти од: Скопје-231, Куманово-26, Штип-20, Прилеп-35,  Тетово-25, Струга-16, Велес-21, Битола-23, Охрид-17, Кавадарци-3, Гостивар-19, Гевгелија-7, Струмица-2, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Кочани-14, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-1, Виница-4, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 81.721, бројката на оздравени пациенти е 59.231, на починати е 2.445, а бројот на активни случаи изнесува 20.045 лица.

Поврзани новости