Организирал семејна веселба и пукал со пиштол, па доби кривична пријава

by Фокус

Дваесет и петгодишно лице од Лопате добило кривична пријава бидејќи организирало семејна веселба и пукало со оружје, информира МВР.

„На 26.12.2020 во СВР Куманово било пријавено дека В.Б. (25) во својата семејна куќа во с. Лопате, кумановско, организирал семејна веселба и пукал со оружје. Полициски службеници од СВР Куманово во координација со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, каде затекнале околу 30 гости, а пронајдени се и чаури“, се вели во соопштението од МВР.

Поради постоење на основано сомнение дека В.Б. сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „предизвикување општа опасност“, од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзани новости