771
Починати се шест лица, две пациентки од Скопје , пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од:
-Скопје 57
-Дебар 1
-Штип 11
-Прилеп 8
-Тетово 11
-Велес 1
-Гостивар 2
-Кочани 4
-Демир Хисар 1
-Свети Николе 10
-Кичево 2
-Ресен 5
Досега во земјата се направени вкупно 108384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11289, бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.