наЕбаВНе

by Fokus

Образложението на Регулаторната комисија е КРИМИНАЛНО! Цената на струјата морала да расте, бидејќи профитот на компаниите паднал. Па, па, па! Јас не знам зошто не стават фантомки и не земат пиштоли кога ни го зборуваат ова, барем да знаеме дека е грабеж, а не да нѐ сексаат во здрав разум. Небаре за цела Македонија и свет не е криза

Јанаки МИТРОВСКИ

Како што редовно бидува од нашата добро етаблирана пракса, македонските граѓани наебуваат ПО избори. Пред избори, и особено во кампања, стандард мel et lac тече од устата на политичарите. Тоа нормално важи до денот на изборите, евентуално до објавување на крајните резултати, недела дена по изборите.

Како што тоа по обичај бидува, непопуларните мерки на граѓаните им се соопштуваат тазе по избори. Тазе ни е меморијата кога Силванева Бонева ја слушавме во т.н. проект „Вистината за Македонија“, како го убедува Груевски незаконската и противуставна амнестија за воени злосторства сторени од страна на ОНА, замаскирана во т.н. автентично толкување на Законот за амнестија, да се остави за понатаму, па Грујо визионерски пресекува – сега на почетокот, да тераме после цел мандат раат.

НЕПОПУЛАРНА МЕРКА

Логиката е јасна, непопуларната мерка најдобро поминува на самиот почеток, кога еуфоријата од изборите сѐ уште не е спласната, а самата непопуларна мерка ќе се заборави до следните избори. Идентично, по истиот шаблон, ни протнаа и мерка од која допрва ќе пострадаме – зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто. Разбирливо, никој од кампањциве ова не го навести пред избори.

Образложението на Регулаторната комисија е КРИМИНАЛНО! Цената морала да расте, бидејќи профитот на компаниите паднал. Па, па, па! Јас не знам зошто не стават фантомки и не земат пиштоли кога ни го зборуваат ова, барем да знаеме дека е грабеж, а не да нѐ сексаат во здрав разум. Небаре за цела Македонија и свет не е криза. Небаре некој може да говори за профит во оваа 2020-та година. Запазете ја дрскоста, компаниите НЕ се во загуба, туку профитот им е намален, јер е потоп за дебеловратовците напикани по истите тие компании ако имаат нешто помал профит. Цехот, претпоставувате, ќе го платиме ние.

Со години, енергетските компании, што приватни, што државни, нѐ експлоатираат преку старата добра „сѐ е по закон“. До пред две години имаше ИЛЕГАЛНА пракса (поради краткиот рок на застареност на сметките за домаќинство) граѓаните да добиваат тужби во 2012-та, 2014-та, 2016-та за сметки стари (и застарени) десет години, кои „патувале“ цела деценија без да ве пронајдат. Ова е секако неможно, и ние што гравитираме секојдневно околу судот, со сигурност знаевме дека неколку енергетски компании имаат приемни печати од судот!!! За овој скандал сум алармирал многупати, безуспешно и никој ниту од судот ниту од компаниите не одговарал за овој организиран криминал!

ПРИВИЛЕГИРАНА ПОЗИЦИЈА

Нескромно, заслугата што ваквите тужби исчезнаа делумно е моја и на уште неколку храбри адвокaти кои не се плашеа да влезат во клинч со моќните корпорации и државни дувла за вработување заслужен партиски кадар, а делумно и поради фактот што истите веројатно се потрошија. Сосема друг проблем е наводното крадење струја од страна на граѓаните.

Ваквите појави се гонат преку новововедениот член 235-а, односно кражба на топлинска енергија, природен гас или електрична енергија. Иако кривичните судови сосема совесно, врз основа на вештачења, драстично ги намалуваа предјавените отштетни побарувања на име украдена струја, граѓанските судови редовно ја признаваат разликата во парници, иако се работи за ПРЕСУДЕНА РАБОТА (кривичниот суд има стварна надлежност да решава, и решава за штетата по овие предмети).

Ваквите предмети јасно ја отсликуваат привилегираната позиција на овие компании на кои им се дадени одврзани раце да нѐ дерат, и секако дека тоа не е про боно, туку одговорно тврдам дека даваат рушвет кај политичките моќници. И оваа недопустлива симбиоза ќе трае сѐ додека некому не му збоктиса, или додека не добиеме нормална власт, која пред сѐ ќе ги сервисира потребите на граѓаните, а таквата опција не е на повидок.

Поврзани новости