Почина жената која падна на концерт на Роби Вилијамс

by Fokus

Концертот на Роби Вилијамс во Сиднеј го одбележа немил настан, а сега е објавено дека една обожавателка починала.

Имено, додека публиката ги пееше хитовите на познатиот пејач, една од обожавателите се обиде да прескокне неколку редови за да биде што поблиску до поп ѕвездата.

Седумдесетгодишната жена се лизнала и паднала во шест реда седишта на стадионот Алијанц, при што се здобила со тешки повреди на главата и паднала во кома.

Веднаш и била укажана помош и пренесена во болницата Сент Винсент. Жената била во кома и подоцна починала, пишува „Гардијан“.

Поврзани новости