891
Благој Талевски Басар, вокалист на битолската фолк група ,,Лира” починал ненадејно вчера. Од музичарот кој беше на чело на групата со децении, се простуваат негови колеги и пријатели на социјалните мрежи.
„Лира“ зад себе има неколку фолк хитови, а најголема популарност доживеа во деведесеттите години на минатиот век со песната „Никогаш повеќе“. Имаа редовни настапи во локали и на семејни веселби, како и учества на фолк фестивали.
Вики Клинчарова