Почина уште еден патник од автобусот што се преврте кај Велес

by fokus 17:49
17:49

Почина уште еден патник од автобусот кој излета на автопатот Велес-Скопје на враќање од Грција.

Директорот на Клиниката за трауматологија, д-р Илир Хасани, информираше дека 78 годишен пациент вчера околу 18.40 часот подлегнал на повредите.

- Advertising -

-Пациентот беше во тешка здравствена состојба, со скршеници на градниот кош, крварење во градниот кош и со сериозни повреди на главата, односно скршеница на вратниот рбет. И покрај обидите да се санираат повредите, тој вчеравечер почина, рече д-р Хасани.

Поврзани новости