СЈО ќе плати 24.000 евра за чистење

by fokus

Специјалното јавно обвинителство распиша оглас за набавка на услуги „чистење на деловни простории“ во период од една година. Набавката е со проценета вредност од 24.390 евра.

Со тоа, Специјалното јавно обвинитество би потрошило околу 2.000 евра месечно само за чистење. Но станува збор за канцелариите на СЈО на улицата „Френклин Рузвелт“ што се протегаат на површина од 750 метри квадратни.

Во тендерската документација стои дека услугите за одржување на хигиената опфаќаат дневни, неделни и месечни активности, како што се џогирање, чистење со правосмукалка, пребришување и миење садови. Хигиеничарите ќе бидат ангажирани во две смени секој работен ден и во сабота.

Поврзани новости